Зоран Заев @zoranzaev
18 Posts
44k Followers
123 Following
Официјален Инстаграм профил - Премиер на РСМ и претседател на СДСМ 🇲🇰 Official Instagram account - Prime Minister of RNM and President of SDUM
18 Posts
44k Followers
123 Following
Официјален Инстаграм профил - Премиер на РСМ и претседател на СДСМ 🇲🇰 Official Instagram account - Prime Minister of RNM and President of SDUM
Сите ќе треба двојно повеќе да работиме, двојно повеќе да направиме. Да сме двојно подобри. Промените и реформите не ги носи една влада или 20 луѓе. Треба сите да се промениме, сите да се реформираме. Сите 2 милиони. За да немаме загадување, треба да престанеме да загадуваме. За да немаме корупција, треба да престанеме да нудиме и прифаќаме поткуп. За да не си одат младите, треба да отвораме уште повеќе работни места. За да нѐ биде, мора да нѐ бива. Од нас зависи, од сите нас.
679 13
Потребни се брзи предвремени избори, за да се слушне вашиот глас - гласот на граѓаните. Стојам одговорно пред вас: Вие граѓаните ќе донесете одлука по кој пат треба да продолжи да се движи Северна Македонија! Ние сме подготвени и не се откажуваме. Продолжуваме посилно и храбро напред за доброто на нашата татковина!
1k 28
Никој не може да ни ги одземе реформите и промените кои заедно ги постигнавме, а од оваа неизвесност ќе излеземе само посилни и поискусни. Никој не може да нѐ спречи да продолжиме по патот по кој цврсто напредуваме - патот на раст на платите, патот на борба против корупцијата, сиромаштијата и загадувањето, патот на социјална заштита на ранливите, патот на градење институции кои се поткрепа на секој граѓанин. Почитувани граѓани, стануваме членка на НАТО, што беше наша стратешка цел од независноста до денес. Јасно е дека Балканот се промени и дека станува извор на стабилност. ЕУ добро го знае тоа и мора да прифати дека и Балканот е европски. Остануваме посветени и со работа докажуваме каде ни е местото.
1k 46
Почитувани лидери на Европската Унија, немојте да ја гасите светлата ѕвезда кон која се стремиме. Немојте да станувате нашата пречка. Бидете нашите херои. Почетокот на преговорите ќе ни помогне да поттикнеме уште посилен ангажман на сите групи и заедници во нашата земја, да создадеме повеќе работни места и да ги задржиме младите дома, ангажирани и посветени. Сработивме многу и спремни сме за уште повеќе работа и за соочување со сите предизвици што ги носи процесот.
1k 43
Квалитетна и здрава животна околина е еден од основните предуслови за квалитетен живот на граѓаните и ова е клучна заложба на Владата. Греењето е најголемиот загадувач на воздухот што го загрозува здравјето на луѓето и во домот и во околината. Со еко-мерката за промена на нееколошките уреди за греење со инвертери и со другите еколошки проекти за справување со загадениот воздух, целта е во наредните три години целосно да биде елиминирано користењето на печките на тврди и фосилни горива.
420 7
Новата минимална плата ќе изнесува 14.500 денари за сите граѓани во Северна Македонија. Владата продолжува со мерките кои обезбедуваат повеќе пари кај граѓаните, повисоки плати и подобар животен стандард. Тоа е нашата определба од која и во иднина нема да отстапиме.
975 17
Со вицепремиерот Кочо Анѓушев и министерката Мила Царовска го најавивме покачувањето на минималната плата, која ќе изнесува 14.500 денари. Оваа година секој месец имаме поголема плата за истиот од претходната година. Тоа ни дава за право да бидеме оптимисти дека до крајот на мандатот ќе ги постигнеме нашите главни цели – минималната плата од 16.000 денари и просечна плата на ниво на целата земја од 30.000 денари. Продолжуваме со мерките кои обезбедуваат повеќе пари кај граѓаните, повисоки плати и подобар животен стандард!
922 12
Новата минимална плата во нашата земја ќе изнесува 14.500 денари! Во 2017 година минималната плата ја покачивме за 3.500 денари и до денеска таа изнесува 12.507 денари. Со новиот пораст од 2.000 денари, минималната плата ќе изнесува историски највисоки 14.500 денари.
966 29